Жестоките борби на џихадистите од Исламската држава и курдските сили се водат денеска околу Аин-ал-Араб, курдски град на границата со Сирија и Турција, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права.
Екстремистите од Исламската држава се на три километри од тој курдски град, велат од оваа Опсерваторија. Тие исто така наведуваат дека во борбите синоќа загинале најмалку девет курдски борци и еден џихадист.
„Иако се послаби како по број така и воено, курдските борци одбиваат да се повлечат и жестоко го бранат градот од џихадистите,“ изјави Рами Абдел Рахман, директор на Опсерваторијата и додаде дека тоа за нив претставува прашање на живот или смрт.
Стотина курдски борци соочени се со илјадници џихадисти кои покрај тенковите имаат и тешка артилерија и лансирачки ракети од 220мм. Курдите пак од друга страна се вооружени со калашникови, руски митраљези, ракетни фрлачи.
Ако се заземе Аин-ал Араб под контрола од страна на џихадистите, тогаш тоа ќе биде втор појас на северот на Сирија долж границата со Турција.
Поради напад на џихадистите, најмалку 160 илјади луѓе пребегнаа во Турција од половината на септември па наваму.