Жесус: Немам дилема, Бенфика е подобра од Јувентус

Видно возбуден поради големиот успех на неговиот тим, кој како и минатата сезона, повторно ќе биде дел од финалниот натпревар во Лигата на Европа, предводникот на португалскиот гигант Жорге Жезус по натпреварот во Торино изјави дека неговите фудбалери одиграле подобро од тие на Јувентус и во двата полуфинални натпревари.

„Заслужено сме дел од финалниот натпрева, заслужено затоа што бевме подобри од Јувентус во двата натпревара. Моите фудбалери беа подобри од тие на Јувентус и во Лисабон и во Торино. Јувентус има многу добар тим, но Бенфика одигра соврешено во дефанзивата, ги затворивме сите приоди до нашиот гол. Имавме минимална предност од првиот натпревар, а на реваншот имавме целосна контрола врз движењето на противничките фудбалери. Заслужено ќе бидеме дел од финалниот натпревар, едноставно кажано, Бенфика беше подобра од Јувентус. Не е лесно да се браниш со девет фудбалери, а противникот да напаѓа со напаѓачи од калибарот на Карлос Тевез, Пабло Освалдо, Фернандо Љоренте и Себастијан Џовинко”, изјави Жезус.