Жичницата ќе се продолжи до Капиштец

Жичницата која го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст  ќе ја продолжи својата траса до црквата „Свети Јован“ во населбата Капиштец. Втората фаза од реализација на овој капитален проект ја најави премиерот Никола Груевски, како дел од програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на предвремените парламентарни избори.

Новата обемна програма на ВМРО-ДПМНЕ, која содржи нови 2.046 проекти  вклучува и зголемување на плати, субвенции, социјална помош,  модернизција на инспекциските служби,  електронски фактури, нови олеснувања за добивање градежна дозвола, -масовна дигитализација на катастарските планови,-намалување  на процедурите во текот на водење на судската постапка, креирање на слободна, здравствена зона, изградба  на 660 социјални станови,  обнова на возниот парк на македонски железници…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.