Жиру ќе паузира три месеци поради повреда

Жиру заработи повреда на натпреварот со Евертон, информациите велат дека се работи за скршеница на стапалото поради што Французинот ќе биде три месеци во аут.

Тој се повреди од топка, во последните моменти од натпреварот кога се обиде да блокира едно расчистување на Силвијан Дистин.

Арсенал и без повредата на Жиру имаше потреба од ангажман на напаѓач, новите вести му носат дополнителни главоболки на Арсен Венгер.

До крајот на преодниот рок Арсенал ќе мора да купи фудбалер од нападот, останува да видиме кој ќе биде изборот на Топџиите.