Жители на Слатино фатиле крадец во куќа во селото

Жителите на охридското село Слатино ноќеска фатиле крадец додека излегувал од куќата што ја ограбил.

Според првичните информации, жители на селото го забележале разбојникот додека  крадел во една од куќите во селото, додека излегувал го фатиле и ја известиле полицијата.
Охридскиот Сектор за внатрешни работи го потврди случајот и според портпаролот Стефан Димоски се води разговор со приведеното лице околу околностите за кражбата и дали имало соучесници.