Жителите на две скопски улици денеска без вода

Жителите на улицата Теодосиј Гологанов и дел од корисниците од улицата Казанџиска денеска ќе бидат без вода за пиење од девет часот.

Прекинот е поради дефект на шибер затворач профил Ф-300 милиметри на улицата Митрополт Теодосиј Гологанов и ќе трае се’ до санирање на истиот.