Жителите на Косово до 24 мај можат да проверат дали ги има во избирачкиот список

Пред почетокот на парламентарните избори на Косово, кои се закажани за 8-ми јуни оваа година, жителите на Косово треба да проверат до 24 мај, дали ги има на избирачкиот список, соопшти денеска Општинската изборна комисија во Северна Косовска Митровица.

Оттаму додаваат дека проверката се врши во општинската зграда.

На претстојните парламетарни избори во Косово, ќе учествуваат 31 политички субјект, од кои 9 се алабански, 6 бошњачки, 5 српски, 3 ромски, две турски, и по една горанска, ашкалијска и египедска.

Од пријавените 19 се политчки партии, седум се граѓански инцијативи, четири се коалиции и еден е независен кандидат.