Свет

Жителите на Крим бесплатно ќе добијат руски пасоши

Жителите на Крим бесплатно ќе добијат руски пасоши

Шефот на кримскиот парламент, Владимир Константинов, изјави дека жителите на Крим бесплатно ќе добијат руски пасоши доколку референдумот покаже дека народот на Крим сака да се приклучи кон Русија, пренесе РИА „Новости“.

„Процедурата за издавање пасоши ќе биде бесплатна, буџетот на Крим ќе ги преземе врз себе сите трошоци. Украина и Русија имаат меѓународни договори за многу прашања, и верувам дека нема да има никакви проблеми“, изјави Константинов.

Премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов  појасни дека тие како власт нема да ги приморуваат  граѓаните на Крим да се откажат од украинските пасоши, но во секој случај, сите ќе треба да добијат руски пасош“, подвлече премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов.

Референдумот на кој граѓаните на Крим треба да одлучат дали ќе останат во Украина или ќе се приклучат кон Русија ќе се одржи во среда.