Свет

Жителите на Непал соочени со нови катастрофи – свлечишта и поплави

Жителите на Непал соочени со нови катастрофи – свлечишта и поплави

Жителите на Непал по катастрофалниот земјотрес се соочуваат со нова катастрофа – свлечишта и поплави.

Карпи го блокирале коритото на река во подножје на две планини, а целата долина се полни како езеро. Властите во земјата наредиле задолжителна евакуација на граѓаните.

На 25. април во земјотресот со интензитет од 7,9 степени по Рихтер, како и во последователните моќни потреси, загинаа најмалку 8.700 луѓе.