Жителите на Општина Аеродром донираa над 5 тони храна, вода, облека и хигиенски средства

Жителите на Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден покажаа несебична хуманост донирајќи над 5 тони храна, вода, облека и хигиенски средства во хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина, поточно на општините чии жители претрпеа огромни штети во поплавите во овие земји.

Акцијата продолжува и денеска во соработка со Црвениот крст на Република Македонија. Граѓаните кои сакаат да донираат помош тоа можат да го сторат на влезот на општинската зграда.

Од Црвениот крст апелираат граѓаните кои сакаат да се вклучат во акцијата можат да донираат само конзервирана храна, вода и хигиенски средства, но не и облека.

pomos (3)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.