Жителите на три скопски улици денеска без вода

Жителите на улиците Стојна Стевкова, Јајце и 378 денеска од девет часот ќе бидат без вода за пиење.

Прекинот е поради изведување на приклучок профил Ф-250 милиметри на улицата Стојна Стевкова на раскрсница со улицата Јајце, а ќе трае се’ до изведување на работите.