Жителите од повеќе скопски населби утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат:

– во време од 08:30 – 11:00 часот,  корисниците од дел од ул. „Банско“ во општина Кисела Вода;

– во време од 08:30 – 14:30 часот,  корисниците од: ул. „Стојна Стевкова“,  ул.„ Ордан Чопела“  и ул. „373“ во оптина Чаир;

– во време од 09:00 – 15:00 часот,  корисниците од:  ул.„Црногорска“, ул. „6“, ул.„8“ и ул. „10“ во општина Ѓорче Петров;

– во време од 17:00 – 18:30 часот,  корисниците од ул.„ Даме Груев“ бр. 4 во општина Центар.