Жито Маркети донесе ново задоволство и за граѓаните од Ченто

Жито го отвори својот нов маркет и прв во општината Гази Баба, лоциран во населба Ченто, на улица Маџари број 47. Маркетот се простира на 400 метри квадратни, со сопствен паркинг и три наплатни каси. За квалитетот на услугата да биде на највисокото ниво ќе се погрижи тим од 18 вработени. Овој супермаркет има и посебен одел за бела техника, како и своја пиљара, месара и пекара.

Zito Market vo n.Cento (2)– Горди сме што овој маркет ќе биде меѓу првите супермаркети што нудат голем асортиман на различни производи коишто ќе им бидат од голема полза на жителите од Ченто и околните населби. Работевме многу напорно да го отвориме овој супермаркет и подготвени сме да ги задоволиме потребите на нашите купувачи, нудејќи им квалитетна услуга и производи. Ниските цени ќе бидат добра прилика за побогата трпеза за време на новогодишните празници, изјави Далибор Ѓошевски, Генералниот извршен директор на Жито Маркети.

Во пресрет на новогодишните празници, граѓаните веќе имаат можност да се уверат во квалитетот што Жито Маркети го нуди и преку специјалните понуди за свежо овошје и зеленчук, месо и пекарски производи, да ја збогатат својата новогодишна трпеза со производи по ниски цени. Купувачите што ќе ја искористат својата Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ добиваат и дополнителни бенефиции при купувањето.

Zito Market vo n.Cento (3)

Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07.00 часот до 21.30 часот, додека во недела и во празнични денови, маркетот ќе работи од 08.00 до 14.00 часот.

Првиот супермаркет на Жито Маркети е отворен во 1988 година во Велес, а напорната работа, ниските цени, љубезноста на вработените и довербата кај потрошувачите, овозможи тие денес да располагаат со над 600 вработени во 42 супермаркети низ целата држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.