„Жито Маркети“ ја достави донацијата во Србија и БиХ вредна 10.000 евра

Донацијата од кампањата на Жито Маркети, „Заедно да помогнеме“ наменета за поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина е доставена до двете најпогодени општини. За Здравствениот дом во Крупањ, Србија набавено е теренско возило Лада Нива во вредност од 7.000 евра, што ќе се користи како амбулантно возило. За Здравствениот дом во Шамац, Босна и Херцеговина донирани се финансиски средства во вредност од 3.000 евра, кои што се наменети за реновирање на просториите на центарот.

„Оваа донација ја реализиравмесо помош на купувачите на Жито Маркети, кои сесрдно ја прифатија нашата иницијатива да им помогнеме на соседите кои се соочија со голема загуба.Затоа, благодарноста е за нив, а вредноста на донацијата само го потврдува фактот дека сочувството и хуманоста не познаваат граници и нации. Грижата и свеста за она што не опкружува е една од вредности врз кои е изградена компанијата и затоа Жито Маркети и понатаму продолжува со спроведување на хуманитарни кампањи во повеќе градови низ државата“,изјави Далибор Ѓошевски, Генерален менаџер на Жито Маркети.

Изборот на општините каде ќе биде донирано и што ќе биде донирано, беше направено во соработка со Српската заедница во Република Македонија.

Krupanj_Srbija-(1)

„Многу граѓани и компании помогнаа и испратија средства за погодените семејства. Таа помош беше од непроценливо значење во тој момент, но,единствено Жито Маркети спроведе кампања со која покажа дека е компанија која искрено се грижи не само за своите сограѓани, туку и за граѓаните на соседна земја кои се соочуваат со големи загуби и несреќи, што говори за вистинска хуманост на вработените и манаџментот на оваа компанија“, изјави Гордана Јовиќ Стојковска, претседателка на Српската заедница во Република Македонија.

Кампањата „Заедно да помогнеме“ се одвиваше во период од 3 месеци и се состоеше во продажба на кеси за пазарување специјално направени со логото на кампањата и чоколадни бонбони, исто така наменски брендирани.