Магазин

Жито маркети отвори нов продажен објект во општина Чашка

Жито маркети отвори нов продажен објект во општина Чашка

Жито Маркети го отвори својот прв маркет во општина Чашка, Велес. Тој се наоѓа на улица 8ми Септември број 2 а се протега на површина од 100 метри квадратни во кој ќе работи тим од 7 луѓе на една наплатна каса.

„Искуството од нашите ниски цени, квалитетни производи и професионална услуга ќе можат да го имаат и жителите на Чашка. Ние како и секаде, така и овде, подготвени сме да им излеземе во пресрет на нивните потреби и барања при купувањето.“, – изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

Otvoranje_Zito Marketi_Cashka 2

Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет, а покрај големите попусти гостите ја искористија и својата Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ за дополнителни бенифиции при купувањето.

Otvoranje_Zito Marketi_Cashka 3

Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 21:00 часот навечер, а во недела од 08:00 часот наутро до 14:00 часот напладне.

Otvoranje_Zito Marketi_Cashka 4