Живко Мукаетов по четврти пат дел од собирот на лидери на Југоисточна Европа

Генералниот директор и Претседател на управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и годинава е дел од четвртиот по ред елитен собир на успешни бизнис лидери и политичари од Југоисточна Европа – „Самит 100 – Договор за новата ера“.

Во рамки на Самитот, кој годинава се одржува во словенечкиот град Порторож, Мукаетов, заедно со Ивица Мудриниќ од „Дојче Телеком“ го модерираа панелот со градоначалниците на четири регионални метрополи: Љубљана, Сараево, Загреб и Подгорица.

samit1

Во рамки на пленарниот панел насловен како: „Паметни градови за одржлив развој: Претворање на регионалните метрополи во попаметни иновативни центри“, челниците на  четирите главни градови ги споделија своите искуства, презентирајќи ги реализираните и тековните проекти во напорот да го зголемат одржливиот развој на метрополите со кои управуваат.

Градоначалниците на Љубљана и Загреб, кои како градови предничат во регионот во однос на исполнување на целите за одржлив развој, во текот на панелот имаа конструктивна дискусија околу дополнителните ресурси (капитални и човечки), кои би им биле потребни со цел да ги направат градовите поекономични, поефикасни и попријатни за живеење за граѓаните.

samit2

Учество на панелот модериран од страна на Мукаетов и Мудриниќ зеде и експертот од американската мултинационална компанија „ИБМ“ (IBM – International Business Machines), Мајкл Диксон, кој воедно е и Директор на ИБМ Програмата за паметни градови на глобално ниво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.