„Живот со предизвици“ по вторпат на Голем Кораб

На 7ми Септември, Недела, Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ се приклучи по втор пат кон искачувањето на Голем Кораб по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија, во организација на Планинарскиот Клуб „Кораб“ под мотото „До врвот, за подобар живот!“.

Во име на пациентите со ретки болести, кои немаат третман, педесетина луѓе се пријавија во групата за искачување највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб (2754 мнв).

„Живот со предизвици“ им благодари на сите учесници кои ја поддржуваат нашата цел – подобрување на животот на пациентите со ретки болести и подигнување на јавната свест во однос на ретките болести. И покрај дождот многумина го искачија врвот поставувајќи го знамето на здружението на врвот.