Животот во Крим станува се’ поскап

Во Крим цените на храната и горивата се зголемуваат. Само за една недела шеќерот е поскапен до 12 гривни за еден килограм. Меѓу најбараните стоки се рибните конзерви, брашното, солта, компирот.

Весникот „Сегоднја“ забележува дека кризата продолжува да го одржува својот „курс“. Жителите се повеќе купуваат производи формирајќи залихи, а тоа се одразува на пазарните цени на прехранбените производи.