Жизел ќе го додели пехарот на новиот светски шампион

Според последните информации кои пристигнуваат од Бразил, познатиот супермодел Жизел Биндшен најверојатно ќе го додели пехарот на најдобрата репрезентација на јубилејното 20. Светско првенство.

Свечената церемонија е закажана за 13 јули, на најпознатиот фудбалски храм во Бразил, популарната “Маракана”, а Жизел најверојатно ќе ја замени потпретседателката на Бразил, Дилма Русеф која воопшто не е популарна во својата земја.
Иако во поголемиот дел од земјата владее сиромаштијата, бразилската влада потроши околу 11 милијарди евра за организацијата на Мундијалот и поради таа причина Русеф не е омилена помеѓу населението кое постојано протестира.