Магазин

Жизел се пензионира

Жизел се пензионира

Славната манекенка Жизел Бундшен, по 20 годишна кариера, реши да се пензионира. Причината за пензионирањето на 33 годишната манекенка е што тешко може да ги усогласи професионалните и семејните обврски.

„По 20 години на модниот врв имам можност да бирам и дојдов до заклучок дека сега сакам да бидам само мајка и целосно сакам своето внимание да им го посветам на мојот 5 годишен син Бенџамин и 2 годишната ќерка Вивијан“, вели Жизел.