Жолта точка на политичко-медиумскиот брак

По разоткривањето на аферата за бизнисите и фирмите на новинарите на СДСМ, јавноста покрај од другото е скандализирана и од фактот дека дрскоста на СДСМ и нивните новинари одела дотаму што тие бесрамно си основале и заеднички фирми, пишува порталот „Курир“.

Новинарката Оливера Трајковска и координаторката на СДСМ за Скопје, Софија Куновска имале заедничка фирма, „Медиарт“ ДОО Скопје . Скандал над скандалите, еден новинар и еден политичар имале заедничка фирма. Познавачите сметаат дека ова го нема во ниту една земја во светот, па дури ни во Занзибар или Конго.

Политичар и новинар заедно терале бизнис. По откривањето на оваа перверзна комбинација, кој од јавноста ќе може да поверува дека Оливера Трајковска е независен новинар. Се поставува прашањето како може да е независен новинар кога има фирма со политичар од СДСМ.

Ставовите на Трајковска се ставови на СДСМ, тоа сега е јасно. Секој напад на Трајковска во нејзините емисии “Жолта точка“ или „Вин Вин“ упатени кон Владата не се ништо друго туку обид да се наштети на Владата и да се направи пат за власт на СДСМ и за нејзината бизнис партнерка Куновска. Можеби Трајковска размислува дека со Куновска на власт, нивната фирма ќе има можност за повеќе бизнис. Македонската јавност ваков случај кој ги надминува сите граници, досега нема видено.

Ваквиот случај е исто како на пример во Лондон лидерот на британските лабуристи и лондонски градоначалник Борис Џонсон да има фирма со новинар од Сан или Гардијан. Во моментот на откривање на случајот ќе му заврши кариерата.

Останува нејасно за која слобода на медиуми говори СДСМ, кога нивните функционери имаат фирми со новинари. Уште колку вакви заеднички фирми имаат новинарите на СДСМ и политичарите на СДСМ останува да видиме. Едно е јасно, жолтата точка за нив започна, јавноста бара одговори.