Жолтицата се шири во градинките

Осум нови случаи на заболени од жолтица биле пријавени вчера, меѓу кои има и еден средношколец, еден студент, двајца ученици од Шуто Оризари и едно дете од градинка во истата општина, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.

Другите заболени се од општините Чаир, Илинден, Бутел, а за прват е регистриран и случај и од општина Сопиште.

Со новите случаи од почетокот на епидемијата во Скопје со хепатит А се регистрирани вкупно 132 лица. Од Центарот за јавно здравје информираат дека нивни екипи се постојано на терен и вршат дополнителна дезинфекција во училиштата и домовите каде има заразнено по неколку членови од едно семејство.