ЖРК Вардар со три бода патува во следната фаза од ЛШ

Вториот пораз во групата Б, кој ЖРК Вардар го доживеа на гостувањето кај германскиот шампион Турингер, значи дека “вардарки” во следната главна фаза од Лигата на шампионите ќе пренесат 3 бодови. Од нашата група Будуќност ќе пренесе 7, додека Турингер 2 бода.

По завршувањето на натпреварите во овие две групи, ќе се формираат четвртфиналните двојки по принципот првопласираната екипа од групата 1 против четвртопласираната екипа од групата 2, потоа второпласираната екипа од групата 1 против третопласираната екипа од групата 2 итн.

Натпреварите во групите од главната фаза започнуваат на 30 јануари следната година.

Група 1

Табела:

1. Будуќност 7 бодови
2. Динамо Синара 6
3. Лајпциг 4
4. ЖРК Вардар 3
5. Крим 2
6. Турингер 2

Група 2

Табела:

1. Ларвик 8
2. Ѓер 6
3. Мец 4
4. Виборг 3
5. Савехов 1
6. Баја Маре 0.