ЖРК Вардар заслужено ја доби наградата “13 ноември”

ЖРК Вардар оваа награда ја доби благодарение на минатата сезона која ја одигра во врвна форма, за што говорат и титулите во Суперлигата и Купот на Македонија, како и третото место во Лигата на шампионите освоено во мај годинава.

Признание доби и сопственикот на клубот, господинот Сергеј Самсоненко, и тоа во категоријата спортски работници.

И двете награди на денешната свеченост ги прими претседателот на ЖРК Вардар, Гордана Нацева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.