Жртвата од божикниот пазар во Нант спаси шест животи, возачот бил пијан

Дваесет и петгодишниот Виржил, кој го загуби животот како последица на повредите од Фургонот кој прегази десетина лица на божикниот пазар во Нант, спаси шест други животи, јави дописникот на МИА од Париз.

Почитувајќи ја неговата желба, семејството на Виржил одлучило да ги донира неговите органи кои ќе го спасат животот на шест лица, оваа вест ја потврди неговата сестра изутринава на програмата на приватото радио РТЛ.

Лично претседателот на Франција Франсоа Оланд телефонски разговарал со семејството на младото момче, кое било голем љубител на музика и танц, при што го поздравил „гестот на братство и хуманост“.

Дваесет и петгодишниот Виржил беше една од случајните жртви на возачот на фургонот, кој според елементите од истрагата обелеоденети од РТЛ бил под дејство на алкохол.

Првите анализи на крвта покажале дека тој возел со 1,80 промили алкохол во крвта, односно четири пати повеќе од дозволеното. Ова 37-годишно лице, веднаш откако уди во пазарот самото си зададе повеќе удари со нож, тоа не е во животна опасност, но истражните органи се уште не го имаат сослушано. Мотивите за неговиот гест се уште не се познати.

Во неговиот автомобил беше пронјаден бележник во кој имаше напишано дека „постојат ризици да биде убиен од тајните служби“, дека неговото семејство не го почитувало на интернет, како и неговата омраза кон општеството.

Неговиот необјаснет потег создаде извесна психоза во Франција за страв од терористички напади, бидејќи тоа следуваше само еден ден по сличниот инцидент во Дижон, кој му се припишува на растроено лице.

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.