Жртви сме на својот менталитет

За почеток едно прашање: има ли Македонец, независно дали ја поддржува владеачката партија, опозицијата, соросоидите итн., кој ќе дозволи некој друг да му ја средува куќата или пак станот, да одлучува наместо него кога да јаде, да спие, да оди во купатило, да се секса?

Нема да најдете таков.

Ама, ете сите тие кои се спремни да се тепаат со секој бандит за своето, 25 години дозволувааат странците да им ја редат државата. Да одлучуваат наместо нив за име (референца), менување на знаме и Устав, потпишување на привремени спогодби и декларации, рамковни договори и закони за територијални поделби, како да дејствуваат судот и полицијата, кога да бидат изборите. Тоа значи дека не гледаме на државата како на своја сопственост. Ако некој продава куќа мора да има согласност од целата своја фамилија, а сега поединци ја продаваат државата без да им е гајле за останатите граѓани. Земи пари и „свиткај кичма“ или земи пари и бегај!

Само ментално повредени, без чувство за идентитет, националност, државност го прават тоа.

Друг пример.

Според анкета, 58,8 отсто од граѓаните го поддржуваат влезот во ЕУ, без отстапка за името на државата, 23,8 отсто се за влез во ЕУ со промена на името, а 13,6 отсто се против членство во ЕУ.

Се гледа дека таа анкета покажува психолошки проблеми и од нејзините организатори и од самите испитаници.

Прво, за тоа што тие 13,6 отсто, кои се против ЕУ логично се и против менување на името. Што значи дека против менувањето се 72,4 отсто.

Второ, се знае дека македонското име е поврзано со македонскиот идентитет (тоа ниту Грција, ниту ЕУ, ниту САД го кријат). Затоа прашањето морало да биде: Дали сте за влез во ЕУ со менување на идентитетот?

Трето, анкетата покажува психолошки проблем и кај испитаниците. Да сакаш прием во Унијата без менување на името (идентитетот) е како да бараш дрвено железо. Зошто велам психолошки проблем? Затоа што за овие години цел свет дозна дека се работи против македонскиот идентитет и ако некој во самата Македонија уште не го сфатил тоа веќе е проблем на „чипот“.

Мене спомнатата анкета не ме чуди затоа што е финансирана од ЕУ и спроведена од Институт за демократија „Сосиетас Цивилис“ Скопје, со некој проект „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“. Во контекстот на останатите прашања и одговори ме чуди друго: зошто сериозни македонски медиуми ја третираат како веродостојна? Затоа што ни недостасува здрава логика, прагматика и критицизам.

Од 1991 година до денес, ние влегуваме од криза во криза затоа што не можеме да ги дефинираме своите национални интереси и во согласност со нив да редиме приоритетите. Демократија, реформи, транспарентни избори не се приоритет. Приоритет се: зачувување на територијалниот интегритет, зачувување на македонското име (идентитет), јазик, традиција и култура, висок просечен стандард на граѓаните. Во наш економски интерес е и Турскиот тек и бидејќи економијата е поврзана со политиката, тоа е и наш политички интерес. Турскиот тек е спротивен на САД и за тоа избувна и последната криза во Македонија. За разлика од нас, Американците знаат жестоко да ги бранат своите интереси. Турскиот тек им даде можност да ги забрзаат процесите на дестабилизација на нашата држава.

Што направивме досега за нашата безбедност и внатрешна стабилност во однос на предавничкиот елит на СДСМ, на СОРОС-оидите и на другите невладини организации финансирани од странски амбасади, служби, фондации? Или пак, за да го сопреме сепаратизмот на македонските Албанци? Можеме да му се смееме на Заев колку што сакаме, но тие кои го раководат се попаметни од нас. Ја знаат нашата ранлива психа и како да не’ оценуваат и манипулираат. Од септември до денес, во тек се две опции за симнување на Владата на Груевски. И во двете „бомбите“ на Заев имаат клучна улога. На 17-ти мај тие мораше да бидат надополнети со терористички акции и да почне македонскиот „Мајдан“. Тоа сценарио не успеа, но продолжува да биде актуелно. Притоа има и план Б како при симнувањето на Милошевиќ – Избори. Во две варијанти: со или бес преодна / техничка Влада.

Груевски попушти за избори во април 2016. Тој имаше три одлични шанси да ги среди работите во македонски национален интерес. Првата – во септември кога Заев го уценувал за првпат, втората – на 31-ви јануари кога се охрабри да каже за шпионажа, третата – на 18-ти мај кога виде дека голем дел од Македонците го поддржуваат. Груевски ги испушти и дејствуваше жестоко само на 9-ти мај кога беше исправен до ѕидот. На ист начин нашите политичари испуштија да ја користат пресудата во Хаг против Грција.

Ако се стигне до избори, ВМРО-ДПМНЕ може пак да ги добие, но со полош резултат. Уште повеќе, ако прифати да има само една Изборна единица. Да не се залажуваме. Со „Бомбите“ на Заев може да не се зголеми рејтингот на СДСМ но тие си ги имаат околу 300.000 гласа, а со неколку проценти се симна рејтингот на владеачката партија. Тоа и беше задачата минимум. Затоа Ховит даде наредба да не биде уапсен Заев… за да ги испука „бомбите“. Друга остварена цел беше продлабочувањето на јазот меѓу Македонците. При еден референдум за името тоа ќе биде пресудно. Така што Груевски и да ги добие идните избори пак, ќе мора да калкулира и да трпи уцени било тоа да е од ДУИ или пак од ДПА. А кој гарантира дека овој пат СДСМ ќе ги признае? Хан или Амабасадорите на САД, Велика Британија, Германија? Нели Германија и Франција беа гаранти на Договорот меѓу Јанукович и украинската опозиција, а неколку денови подоцна го нарушија.

За мене, ентузијазмот дека Хан дал предност на Груевски со потврда за фер избори во 2014 г. е телешки ентузијазам.

Прво, затоа што уште тогаш сите набљудувачи го признаа тој факт.

Второ, затоа што не се држиме како свои на своето, туку чекаме арбитри од надвор.

За жал нашите македонски (не зборам за предавниците) политичари не можат, не сакаат или се плашат да сфатат дека државата оди во ќор-сокак. Се вртиме во магепсан круг затоа што не смееме да кажеме – Доста! Не смееме да кажеме дека неколкугодишното прислушување на државниот врв е дело на САД и на Велика Британија. Не смееме да кажеме дека планот за македонски „Мајдан“ е на американската амбасада. Не смееме да кажеме дека „изгубените“ четворица убиени терористи (срамен циркус меѓу МВР и Јавното Обвинителство) се Англичани и Американци од базата во Косово. Не смееме да кажеме дека и во Гошинце и во Куманово станува збор за координиран терористички настап во кој се ангажирани и косовските институции. Доказ за тоа е и погребот на терористите како херои. Отказот на САД, Велика Британија, ЕУ, дури да зборат за терористи е доказ за целосна вмешаност во војната против Македонија.

Ќе најдеме ли храброст да кажеме како што рекол Даме Груев: „Подобро ужасен крај отколку ужаси бескрај!“