Се подготвува теренот, но не се поставува жичана ограда на границата

Инаку, како што јави дописникот на МИА од Гевгелија, во изминатите 12 часа 4.366 мигранти од прифатниот центар заминале кон Куманово.

Како што изјави за МИА Ѓоко Лазаров, раководител на прифатниот камп кај Гевгелија, се пропуштаат сите пристигнати без селекција на национална припадност односно сите што исполнуваат услови за да им се издаде потврда за право за барање азил.

УНХЦР претходно соопшти дека Србија и Македонија го ограничиле пропуштањето на мигрантите преку своите граници и на нивните територии дозволуваат влез само на бегалци од Сирија, Иран и Авганистан.