Зидан е новиот тренер на вториот тим на Реал Мадрид

Легендарниот репрезентативец на Франција и прв помошник на актуелниот тренер на новиот европски клупски шампион, Реал (М), Зинедин Зидан, пред неколку часа и официјално е именуван за нов тренер на вториот тим на “кралскиот клуб”

“Зинедин Зидан ќе биде задолжен за работа со Б тимот. Негов помошник ќе биде нашиот домашен стратег Сантијаго Санчез, тие двајцата веќе почнаа со составувањето на тимот за следната сезона“ – се вели во клупското соопштение на Реал Мадрид.