Зидан го именуваше својот син Енцо за нов капитен на Кастилја

Зидан сениор за лидер на Кастилја го избра Зидан јуниор

Легендата на светскиот фудбал и тренер на вториот тим на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го именуваше својот син Енцо за нов капитен на тимот.

Енцо (20) доби прекомандување од третиот тим на Реал Мадрид во Кастилја, а неговиот татко не губеше време и веднаш го назначи за капитен. Ова е резултат и на заминувањето на Серхио Агуса, Дерик Оседе и Диего Љоренте.

Енцо Зидан може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а минатата сезона на 26 натпревари за третиот тим на Реал постигна 4 погодоци.