Зидан ја одби понудата на Бордо

Претседателот на францускиот прволигаш Бордо, Жан-Луис Триод, потврди дека првиот асистент на актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан нема да седне во тренерското столче и нема да биде предводник на „жирондинците” во новата клупска сезона.

„Не ги демантирам контактите со Зинедин Зидан, но јасно е дека тој нема да биде тренер на Бордо во наредната сезона. За жал, не успеавме да добиеме конкретен позитивен одговор од него. Го разбирам апсолутно, не е лесно да се реши на еден таков чекор, посебно кога се уште има свои обврски во Реал Мадрид, а две од неговите деца тренираат во младинските категории на клубот. Зидан веќе 11 години има комфорен живот во Мадрид. Тоа е навистина компликувана ситуација, кога би требало да си заминете и да работите на друго место“, изјави претседателот на Бордо.