Зидан нема да биде тренер на Бордо

Генералниот менаџер на францускиот прволигаш Бордо, Алаин Девеслер, експресно ја негираше пласираната шпекулација дека првиот помошник на актуелниот тренер на Реал (М), Карло Анчелоти и најголем миленик на најверните фанови на Бордо, Зинедин Зидан, има добиено понуда да биде прв тренер на популарните „жирондинци”.

„Имате грешна информација. Се што можам да кажам е дека претседателот на Бордо веќе неколку дена престојува во Америка, а јас прво бев во Лил, а потоа и во Париз. Не знам од каде оваа новинарска шпекулација. Не сме оствариле никаков контакт со Зидан. Не знам кој ја пласираше таа информација дека ќе биде именуван за нов тренер на Бордо”, изјави Девеслер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.