Зидан прв фаворит за тренер на Јувентус

Раководните лица на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, останаа во шок откако ја слушнаа сезнационалната изјава на актуелниот предводник, Антонио Конте, кој по натпреварот против Рома потврди дека сериозно размислува за промена на клупската средина.

Само неколку часа откако ја слушнаа сезнационалната изјава, челниците на Јувентус ја стартуваа потрагата по неговиот наследник, а прв на списокот со потенцијални тренери е легендарниот репрезентативец на Франција, Зинедин Зидан.

Фудбалскиот “магионичар” моментално ја извршува функцијата прв асистент на актуелниот тренер на Реал (М), Карло Анчелоти, но пред неколку дена Зидан изјави дека е подготвен за тренерскиот предизвик но и дека не сака да биде предводник на француските прволигаши Монако и Бордо.