Зидан тренерскиот сон го стави на пауза

Легендарниот репрезентативец на Франција, Зинедин Зидан, стави крај на сите шпекулации кога е во прашање неговата тренерска кариера.

Иако во изминатите неколку недели, на неговата адреса пристигнаа неколку интересни понуди, да биде прв тренер на француските прволигаши Монако и Бордо, првиот асистент на трофејниот италијански стручњак, Карло Анчелоти, потврди дека и во новата сезона ќе биде дел од новиот европски клупски шампион, Реал (М).

„Моментално сум дел од Реал (М) и не планирам никаква промена на клупската средина. Сигурно ќе останам на “Сантијаго Бернабеу”, а потоа повторно ќе ги разгледам сите опции кои ги имам на располагање. Уживам во моето прво искуство како тренер, среќен сум што ја имам функцијата прв асистен на Анчелоти. Има голема разлика помеѓу тренерската и фудбалската улога, но јас уживам на новото работно место”, изјави Зидан.