Зидан убеден дека Златната топка ќе заврши и кај Погба

Легендарниот фудбалер на Јувентус и Реал (М), а сега прв помошник на шефот на стручниот штаб на „кралскиот клуб”, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, откри дека нема таков клуб кој не е заинтересиран за репрезентативецот на Франција, Пол Погба.

„Сите го сакаат, сите клубови се заинтересирани за услугите на Погба. Јас сум убеден дека за неколку години, Погба ќе биде номиниран за престижната награда на ФИФА и Франс Фудбал, “Златната топка”. Се уште е млад, но убеден сум дека ќе ја освои ’Златната топка’. Станува збор за најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет и истата го променува текот на живеење. Јас ја освоив во 1998 година, а истата година славев и на Мундијалот во Франција”, изјави Зидан.

Погба веќе неколку недели преговара со челниците на Јувентус околу новиот договор кој би имал важност до 2018 година и кој му гарантира годишна заработувачка од четири милиони евра, а сопствениците на најбогатиот клуб во Франција , ПСЖ, веќе имаат подготвено официјална понуда за 20-годишниот играч за врска од најмалку 60 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.