„Зидојче цајтунг“ : Косово и БиХ легло на џихадисти

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ наведува дека Косово и Босна предничат во регрутација на џихадисти од Балканот.
„Како и во другите сиромашни балкански земји со висока стапка на невработеност, и на Косово расте влијанието на радикалните сили. Според проценките на косовските безбедносни сили и на американската ЦИА, во војните на Блискиот исток има 150 лица од Косово“.

Весникот неведува дека покрај 150 луѓе од Косово, има и 140 лица од Албанија, 30 од Црна Гора и 20 од Македонија.

„Балканот, покрај земјите со бројно муслиманско малцинство, како што се Франција, Белгија, Англија, е една од главните облести за регрутација во Европа на борци за Исламската држава (ИД) и други радикални групи“, пишува весникот, наведувајќи пример Босна, во која живеат 40 отсто муслимани

„Во таа земја има 40 отсто муслимани и уште од времето на босанската војна постои врска со радикалниот ислам. Тогаш таму дојдоа муслимани од целиот свет за да им помогнат на своите браќа по вера во борбата против Србите. Изминатите години исламските фондации, често со саудиски пари. Засилено се ангажирале во Босна. Некои села веќе важат за исламски тврдини“, пишува „Зидоче цајтунг“.

Весникот наведува дека босанската полиција, пред неколку години, бројот на радикалните исламисти го проценила на повеќе од 3.000 луѓе, и дека на почетокот на септември безбедносната служба на БиХ соопштила дека постојат индиции декаво ИД или други радикани групи во Сирија и Ирак има 340 босански исламисти. Повеќе од 30 од нив загинале, пренесува весникот.

Укажувајќи на тоа дека на Блискиот исток повеќе од 40 косовски Албанци го изгубиле животот во вјојната, весникот пишува дека косовските власти во август и септември во рација уапсиле околу 12 ветерани на ИД и агитатори, како и 15 исламисти, осомничени за тероризам, кршење на уставот и разгорување на религиозна омраза.

Весникот потсетува дека Апелациониот суд на Косово донел одлука за ослободување на 11 од 15 уапсени лица и дека исто така и во Босна, уапсените се веќе ослободени.

„Муслиманите од Европа убиваат и умират за ИД. Многу од нив доаѓаат од Босна, Србија и Косово. Дури и граѓани на Србија, која е претежно населена со православни, одат на Блискиот исток“.

Овој германски весник објаснува дека во Санџак живее муслиманско малцинство и дека таму еден повик на Фејсбук предизвикал внимание – се работи за повик во кој муслиманите во Нови Пазар основаат муџахединска армија, за да го бранат регионот од српските националисти.

Како што наведува весникот, српските националисти веќе неколку години го критикуваат растот и улогата на исламот во Нови Пазар, а повикот на ФБ бил реакција на коментар на еден српски националист.

Весникот наведува дека Србија, како и другите балкански земји, има намера да го прошири својот Кривичен закон, за да на исламските групи им ја отежне регрутацијата на борци, со затворска казна и до 10 години.

Слични закони имаат Босна и Македонија, а Албанија, Косово и Црна Гора веќе подготвуваат такви Акти.

Кога станува збор за Македонија, весникот наведува дека претседателот Ѓорге Иванов, кон крајот на септември го искористил својот говор во Обединетите нации да ја повика Европската унија и НАТО што поскоро да ја примат земјата, бидејќи во спротивно постои опасност радикалните исламисти да го исполнат „ваакумот“ на Балканот.

Ukraine