Ѕидот кон Мексико ќе биде изграден за две години

Американскиот секретар за државна безбедност Џон Кели денеска изјави дека се надева оти ѕидот долж јужната граница на САД со Мексико ќе биде завршен во рок од две години.

– Ѕидот прво ќе биде изграден таму каде што е потребно, а потоа и останатите делови. Така јас гледам на тоа. Навистина се надевам дека ќе биде готов во следните две години, истакна Кели во интервју за „Фокс њуз“.

Тој изрази надеж дека финансирањето на таквиот огромен проект Конгресот ќе го одобри „релативно брзо“.