Зијадин Села повторно избран за претседател на Алијансата за Албанците

На конгресот во Тетово, од присутните 607 делегати, 606 гласаа за Села, а само еден гласаше против.

На конгресот беа донесени и статутот на партијата, платформата и резолуцијата на партијата, која во себе содржи барање до Владата за промена на Уставот, за албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот јазик.

Најжестока дебата на конгресот предизвика барањето за промена на статутот на партијата.

Едно од барањата беше во статутот да стои, претседателот на партијата да нема право да се избира повеќе од два пати за партијата не стане приватна сопственост на претседателот, туку да биде на членовите. Се бараше и промена на името на партијата од Алијанса за Албанците во Албанска алијанса, но за тоа ќе се дискутира во Централниот одбор на партијата.

Во својот говор старо-новиот претседател на партијата Села се фокусираше на интеграциите на земјата посочувајќи дека 99 отсто од Албанците се за интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ.

Села упати критики до Владата, за која кажа дека поддршката што тие и ја дале ја злоупотребила само за да добие повеќе албански гласови.