Жил Бјанки ќе биде погребан во родната Ница

Погребот на Жил Бјанки ќе биде во неговиот роден град Ница

Неговото семејство денеска објави дека погребот ќе биде одржан во вторник во неговиот роден град Ница. Комеморацијата ќе биде одржана во катедралата Сент Репарате.

Младиот 25-годишен Французин повеќе од девет месеци беше во кома по здобиените тешки повреди на главата откако со болидот на Марусија (сега Мејнор) излета од патеката „Сузука“ и удри во сервисен багер.