Зимбабве исфрлен од Светското првенство 2018

Меѓународната фудбалска федерација го исфрли Зимбабве од квалификациите за светското првенство во 2018-та година.

Потегот е поради долговите на поранешниот селектор на репрезентацијата искусниот фудбалски стручњак од Бразил Валинјос.

Дисциплинската комисија на ФИФА соопшти дека го казнила Зимбабве бидејќи федерацијата не го подмирила „огромниот долг“ на селекторот Жозеу Клаудин Џорџини Валинјос од 2008-та година, пренесуваат светските агенции.

ФИФА прецезираше дека Зимбабве не ги подмириле своите финансиски обврски и покрај грејс периодот кој го имале.

Првенството на светот ќе биде одржано во Русија во 2018-та, а неодамна започнаа квалификационите натпревари.