Свет

Зимбабве нема доволно храна, прогласена состојба на катастрофа!

Зимбабве нема доволно храна, прогласена состојба на катастрофа!
Зимбабве нема доволно храна, прогласена состојба на катастрофа!
Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, прогласи состојба на катастрофа во руралните подрачја на земјата зафатени од долготрајната суша.

Во соопштението, што доцна синоќа го објави кабинетот на претседателот на Зимбабве, се напоменува дека 26 отсто од популацијата има потреба од итна помош во храна.

Прогласувањето на состојба на катастрофа ќе овозможи меѓународните донатори брзо да соберат пари и обезбедат помош во храна за Зимбабве.

Владата во Хараре најави дека годинава ќе увезе 700.000 тони житарици за да се избегне глад во земјата.