Од денес задолжително носете зимска опрема во возилата

За непоседување зимска опрема во автомобилите, согласно постојниот правилник, се пропишува казна од  45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Што се подразбира под зимска опрема?

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку четири милиметри. Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.