Зимската служба ги чисти коловозите и тротоарите од мраз и снег

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.

За чистење на тротоарите ангажирани се 170 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени.

Расчистувањето се вршеше на плоштадите: „Македонија“ и ВМРО, како и во  Старата Чаршија, на пешачките патеки, тротоарите и скалите на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата. Во расчистувањето на снегот, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ користеа втоварувач  и кипер.

Во текот на денешниот ден, вкупно 150 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје работат на  расчистување на снегот и мразот во централното градско подрачје, Старата Чаршија, како и на следните улици и булевари во сите скопски општини:

– Во општината Центар: ВМРО, Димитрија Чуповски, Филип Втори, Св.Климент Охридски, Васил Ѓоргов, Димитрија Чуповски, Мајка Тереза, Кочо Рацин, Мито Хаџивасилев-Јасмин, Теодосиј Гологанов и Партизанска.

– Во општината Карпош: бул. Партизански одреди.

– Во општината Кисела Вода: 11 Октомври.

– Во општината Аеродром: булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу.

– Во општината Чаир: Џон Кенеди и Цветан Димов.

– Во општината Бутел: Цветан Димов и Христијан Т. Карпош.

– Во општината Гази Баба – булеварот Александар Македонски.

– Во општината Ѓорче Петров  – дел од Партизанска.

– Во општината Шуто Оризари  – улицата Втора македонска бригада.

zimska sluzba 24.01 (2)

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.