Зимската служба го расчистува снегот од коловозите и од тротоарите

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.

За чистење на тротоарите на улиците и булеварите, како и на плоштадите и јавните површини, ангажирани се 158 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени со луѓе и со механизација.

Расчистувањето се врши на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и „ВМРО“, се расчистува Старата Скопска Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.

Zimska sluzba 26.01 (1)

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на  расчистување на снегот на следниве улици и булевари:

– Во општината Центар: Даме Груев, Филип Втори, Св.Климент Охридски, Васил Ѓоргов, Димитрија Чуповски, Мајка Тереза, Кочо Рацин и булевар Партизански одреди.

– Во општината Карпош: булевар Партизански одреди.

– Во општината Кисела Вода: булевар Борис Трајковски.

– Во општината Аеродром: булевар Кузман Ј. Питу.

– Во општината Чаир: Џон Кенеди, Крсте Мисирков и Цветан Димов.

– Во општината Бутел: Втора македонска бригада и Христијан Т. Карпош.

– Во општината Гази Баба – булевар Александар Македонски.

– Во општината Ѓорче Петров – дел од булевар Партизански одреди.

– Во општината Шуто Оризари – улица Шуто Оризари.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во рамките на активностите на зимската служба на Град Скопје, со механизација на терен го расчистуваат снегот и мразот од сите булевари и градски улици. Изминативе денови тие работеа на и чистење тротоари од снег на булевар Илинден, булевар 8. Септември, улица Маџари (кај пазарот во Ченто), како и по должината на булеварот Кузман Јосифовски-Питу (Комплек Банки кон Железничка).

Покрај чистењето од снег и мраз, изминативе неколку денови екипите на ЈП „Улици и патишта“ спроведуваа акција за санација на оштетениот коловоз на повеќе локации, каде се употребени 10 тони ладна асфалтна маса. Изминативе неколку денови работеа на санација на уличните дупки на ул. Никола Парапунов, бул. Илинден, бул. Александар Македонски, бул. Партизански Одреди кај мост Обединети Нации, како и на улиците Козле, Борис Сарафов, Перо Наков, Ѓорче Петров и Качанички пат. Покрај санацијата на уличните дупки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеа и обиколки и контрола на семафоризираните крстосници, како и контрола на вертикална сигнализација.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема  нивна ажурност со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.