петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 8

Зимската служба на Град Скопје подготвена за расчистување на снегот

Градот Скопје апелира до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Zimska sluzba 2015-2016 (1)

Последни вести

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска го посети пунктот на ова јавно претпријатие во Кисела Вода, каде што е сместен еден од двата пункта со возила и сол за потребите на зимската служба на Град Скопје.

– Градот Скопје и оваа година подготвено ја дочекува зимата, каде е спремна за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови. Зимската служба на Град Скопје оваа година за справување со снежните врнежи и чистење на магистралните и на собирните улици кои се во надлежност на Градот располага со повеќе од 30 возила и 2500 тони сол (1500 во пунктот во Кисела Вода и 1000 во Бутел). Покрај возилата на ЈП „Улици и патишта“, доколку се појави потреба, ќе се ангажира дополнителна градежна механизација. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба дејствуваа на територијата на Радишани, населбата Даме Груев и населените места во високите зони на Водно, рече градоначалникот Трајановски.

Zimska sluzba 2015-2016 (3)

Екипите на зимската служба во наредниот приод ќе ја пратат состојбата во текот на 24 часа и ќе интервенираат секаде каде што ќе се појави потреба.

Градот Скопје апелира до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Zimska sluzba 2015-2016 (5)

 

Најчитани вести