Ѕирнете во луксузниот дом на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез е позната по својот раскошен стил, а во однос на раскошноста не заостанува ниту нејзиниот дом.

Луксузниот дом во Холивуд таа го купи во 2010 година со тогашниот сопруг Марк Антони за 8, 2 милиони долари, но откако се разведе од него, таа ја стави вилата на аукција преку агенцијата за недвижности Вариети.

jen_2

Нејзината вила има повеќе од 17 илјади метри квадратни! Има дури девет спални соби, пространа соба за танцување, теретана, кино сала со 20 седишта, осум камини и професионално студио за снимање. Но тоа не е се! Надвор може да се ужива во големата уредена градина, секако со базен и скара.

jen_3

Ниту паркингот не е само обично место за паркирање. Во гаражата има место за осум автомобили и 20 мотори. Иако таа плати многу помалку за оваа вила, имотот во моментов достигна цена од дури 17 милиони долари, а единственото прашање што се поставува во моментов е: Кој ќе биде новиот сопственик?

jen_4