Балкан

Ѕирнете во помалку познатата историја на Југославија

Ѕирнете во помалку познатата историја на Југославија

Фотографиите се на четирите фотографи од Кабинетот на претседателот на СФРЈ во период од 1947-та до 1980-та година, на 1.083 локации во 93 држави.

„Благодарение на овој проект, се отстранува опасноста од уништување на архивата и воведување на рестрикции за нејзино користење, бидејќи до денеска секоја работа подразбираше физички контакт со фотографиите“, вели Неда Кнежевиќ, директорка на овој музеј, кој што има повеќе од 100.000 посетители годишно.

Он лајн базата може да се пребарува по датуми, настани, личности и земји, а нејзините посетители имаат прилика да учествуваат во потполнување на информиациите за историјата со „тагнување“ на фотографии и додавање на поврзани вести.

„Нашето општество станува дигитално. Горди сме што придонесовме да се сочува не само културното богатство туку да го направиме лесно достапен за сите“, вели Марија Вујаниќ, менаџер на на корпоративни комуникации на компанијата „Теленор“.

Фотографиите сведочат за бројните патувања на Јосип Броз Тито на кои има средби со држави и влади, средби со светски познати личности од различни професии, како и ситуации од неговиот секојдневен живот.