Жител на Богданци силувал 80-годишна старица

Жител на Богданци силувал 80-годишна старица. Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против З.С. (47) од Богданци, а исто така одреден му е 30-дневен притвор.

Пријавениот, вчера утрото во 06.30 часот во дворот на СОУ „Богданци“ кај спортската сала, физички ја нападнал и извршил силување над В.М. (80) од Богданци.

Старицата поради здобиените повреди е задржана на лекување во Општа болница-Гевгелија.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.