Жител на Долна Белица пријавен за напад со нож

Против жител струшкото село Долна Белица е поднесена кривична пријава поради физички напад на жител на селото Лабуништа, и обид пресметката да ја заврши со употреба на студено оружје, информираше во неделата СВР Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот М.Ц. од струшкото село Долна Белица.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 20 јуни во 14,15 на автобуска постојка на улицата „15 корпус“ во Струга. Тука, тој пријавениот се упатил кон патничко комбе кое сообраќало на редовната линија Лабуништа – Струга, од кое, во моментот се симнувале патници и со тупаница, во пределот на главата го удрил возачот на патничкото комбе, 34-годишниот Н.Ф. од Лабуништа, нанесувајќи му повреда на лево око.

Веднаш потоа, пријавениот, од продавница во непосредна близина на постојката, одзел кујнски нож по што повторно се упатил кон патничкото комбе. Притоа, агресивниот М.Ц. забележал униформиран полициски службеник кој се движел кон комбето и го фрлил ножот зад себе. Веднаш бил приведен, ножот подигнат и одземен а повредениот Н.Ф. пренесен во општата болница во Струга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.