Жител на Сопот изгоре во пожар

цистерна

Педесет и осумгодишен жител на светиниколоското село Сопот вчера утро изгоре во пожар во неговиот дом, информира полицијата.
Според полициските информации, пожарот во домот на Ж.П. настанал вчера околу 9,30 часот во помошна просторија.

При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од ПС-Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на карбонификација без знаци на насилство.

Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.