Крими хроника

Жител на Старо Нагоричане починал по превртување на тракторот

Жител на Старо Нагоричане починал по превртување на тракторот
архивска илустрација

Осумдесет и двегодишниот Ц.М. од кумановското село Старо Нагоричане вчера додека орал со трактор на нива на м.в. „Бела грамада“, удрил во дрво, по што тракторот се превртел, а тој починал на лице место.

МВР соопшти дека увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Куманово.

Со одобрение на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.